емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
VILLA KOSTAS – ПЕРИГАЛИ, НИДРИ
Villa Kostas е лоцирана покрај самиот пат кој поминува низ Пергиали и го поврзува во оддалеченост од 1,3км со центарот на Нидри. Овој единечен бјект веднаш го привлекува вниманието на гостите, со големиот и зелен двор, близината до блиската плажа, како и убаво уредените студија и апартмани за сместување со поглед кон убаво уредената градина. Сите единици се опремени со соодветен мебел, опремена мини кујна, клима и ТВ уред, како и Wi-Fi интернет конекција. За неговите гости е обезбеден и бесплатен паркинг до објектот.
ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ – 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ
- Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
- За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
ЦЕНОВНИК ПО СОБА – 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ
- Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ
Приземје:
студио бр. 4 тип 1/2 (еден брачен кревет со широчина 140 cm)
• Собата има еден брачен кревет, клима, TV, плакар огледало. Кујната е опремена со мини фрижидер со комара за замрзнување, решо со две рингли, аспиратор, елементи над и под лабавото. Тоалетот е со туш директоно на плочки. Балконот има тенда, комарник, дрвени капаци и завеси, маса и столици (соодветен број на сместувачкиот капацитет во студиото).
студио бр. 5 тип 1/2 (два единечни кревети со широчина 90 cm)
• Собата има два единечни кревети, клима, TV, плакар огледало. Кујната е одвоена од собата, опремена со мини фрижидер со комара за замрзнување, решо со две рингли, елементи под лабавото. Тоалетот е со туш директоно на плочки. Балконот има тенда, комарник, дрвени капаци и завеси, маса и столици (соодветен број на сместувачкиот капацитет во студиото).
• студио бр. 6 тип 1/2 (еден брачен кревет со широчина 140 cm)
• Собата има еден брачен кревет, клима, TV, плакар огледало. Кујната е одвоена од собата во посебна просторија опремена со мини фрижидер со комара за замрзнување, решо со две рингли елементи над и под лабавото. Тоалетот е со туш директоно на плочки. Балконот има тенда, комарник, дрвени капаци и завеси, маса и столици (соодветен број на сместувачкиот капацитет во студиото).
• студио бр. 7 тип 1/2+1+exb (еден брачен кревет со широчина 140 cm и еден кревет на спрат со широчина 70cm и должина 170 cm)
Собата има еден брачен кревет и кревет на спрат, клима, TV, плакар огледало. Кујната е одвоена од собата, опремена со голем фрижидер со комара за замрзнување, решо со две рингли, елементи под лабавото. Тоалетот е со туш директоно на плочки. Балконот има тенда, комарник, дрвени капаци и завеси, маса и столици (соодветен број на сместувачкиот капацитет во студиото).
Прв кат:
студио бр. 1 тип 1/2 со кујна (еден брачен кревет со широчина 140 cm)
• Собата има еден брачен кревет, клима, TV, плакар огледало. Кујната е одвоена од собата во посебна просторија опремена со мини фрижидер со комара за замрзнување, аспиратор, решо со две рингли елементи над и под лабавото. Тоалетот е со туш директоно на плочки. Балконот има тенда, комарник, дрвени капаци и завеси, маса и столици (соодветен број на сместувачкиот капацитет во студиото).
студио бр. 2 тип 1/2 TWIN (еден брачен кревет со широчина 140 cm)
• Собата има еден брачен кревет, клима, TV, плакар огледало. Кујната е одвоена од собата опремена со мини фрижидер со комара за замрзнување, аспиратор, решо со две рингли елементи над и под лабавото. Тоалетот е со туш директоно на плочки. Балконот има тенда, комарник, дрвени капаци и завеси, маса и столици (соодветен број на сместувачкиот капацитет во студиото).
апартман бр. 3 тип 2/2+exb (еден брачен кревет со широчина 140 cm и два единечни кревети со широчина 90 cm)
• Собата има еден брачен кревет и два единечни кревети, клима, плакар, огледало, бокал за топлење вода. Собите се одвоени една од друга со врата на лизгање. Кујната е одвоена од собите опремена со мини фрижидер со комара за замрзнување, аспиратор, решо со две рингли. Тоалетот е со туш директно на плочки со парапет. Прозорот има дрвена капак, комарник и завеса. Балконот има тенда, маса и столици (соодветен број на сместувачкиот капацитет во студиото).
ЗАБЕЛЕШКА: Има Wi Fi Internet. Нема тоалет или да остава соба за време на смена. Студио бр.3 и бр. 4 имаат заеднички двор.
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– Употребата на клима уред во KOSTAS се доплаќа, 5€ на ден (каде што е достапен),
– Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице).
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 80 EUR (55 EUR за дете 2 до 12 год.)
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во 00:30 ч. (паркинг на спортскиот центар “Борис Трајковски”)
– Велес, во 01:00 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Градско, во 01:10 ч. (патарина Градско)
– Росоман, во 01:20 ч. (БП Црна Река петрол 1)
– Прилеп, во 02:15 ч. (БП Лукоил)
– Битола, во 03:15 ч. (паркинг кај спортска сала)
Поаѓање од Грција:
– Истиот ден попладне.
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор.
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
* Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .