VILLA ARGIRO – АГИОС НИКИТАС, ЛЕФКАДА

Villa Argiro е објект кој се наоѓа во непосредна близина на другата вила од нашата понуда, за сместување во Агиос Никитас. Во својот состав таа расолага со неколку убаво опремени двокреветни студиа, сите со сопствен тоалет, балкон, ТВ и клима уред, како и мини кујна за припрема на топли напитоци и за чување на продукти. Готвењето во студиата не е дозволено, па за таа потреба на гостите им е на располагање летна кујна во дворот на објектот, во која има инсталации на уреди за секое студио пооделно. Опремена со потребните апарати за готвење и печење, како и со ѕидана скара и фурна, вилата Аргиро, ги обезбедува сите потребни услови за одлично организиран престој во текот на летниот одмор. Оддалеченост од плажа 300 метри.

ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ – 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ

  • Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
  • За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ЦЕНОВНИК ПО СОБА – 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ

  • Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

Приземје:

• Студио бр. 1 тип  1/2+1 (еден брачен кревет со широчина 130 cm и еден единечен кревет со широчина 80 cm)

Собата има  еден брачен кревет со широчина 130 cm и еден единечен кревет со широчина 80 cm, клима,  плакар и огледало. Кујна нема, но има мини фрижидер со комара за замрзнување мијалник со чешма. Тоалетот е со туш кадичка за стоење. Прозорот има дрвена ролетна и завеса. Балконот е со средна големина со маса и столици (соодветен број на сместувачкиот капацитет во студиото).

• Соба бр. 2 тип  1/2+1 (еден брачен кревет со широчина 130 cm и еден единечен кревет со широчина 80 cm)

Собата има  еден брачен кревет со широчина 130 cm и еден единечен кревет со широчина 80 cm, клима, , плакар и огледало. Кујна нема, но има мини фрижидер со комара за замрзнување и мијалник со чешма. Тоалетот е со туш кадичка за стоење. Прозорот има дрвена ролетна и завеса. Балконот е со средна големина со маса и столици (соодветен број на сместувачкиот капацитет во студиото).

• Соба бр. 3     1/2 (еден брачен кревет со широчина 130 cm)

Собата има еден брачен кревет со широчина 130 cm, клима, , плакар и огледало. Во собата нема кујна, но има мини фрижидер со комара за замрзнување и мијалник со чешма. Тоалетот е со туш кадичка за стоење. Од соба се излегува дирекно на балконот со средна големина, кој има дрвени ролетни и завеси, маса и столици (соодветен број на сместувачкиот капацитет во студиото).

ЗАБЕЛЕШКА: Во дворот на Villa Argiro има заедничка кујна со прибор, решо со плин, мијалник и скара која служи за заедничко користење. Има Wi Fi Internet. Нема тоалет или да остава соба за време на смена. Во собите има чајна кујночка.

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  
– Употребата на клима уред во ARGIRO е бесплатна (каде што е достапен), 
* Собите во ARGIRO располагаат со “чајна” кујна, за готвење гостите користат заедничка кујна и истата е бесплатна. 
– Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот) 
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот. 
– Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице).

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
 Цена на повратен автобуски превоз: 80 EUR (55 EUR за дете 2 до 12 год.)

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во  00:30 ч. (паркинг на спортскиот центар “Борис Трајковски”)
– Велес, во  01:00 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Градско, во  01:10 ч.  (патарина Градско)
– Росоман, во  01:20 ч.  (БП Црна Река петрол 1)
– Прилеп, во  02:15 ч.  (БП Лукоил)
– Битола, во  03:15 ч.  (паркинг кај спортска сала)
Поаѓање од Грција: 
– Истиот ден попладне.

– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. 
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. 
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор. 
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите. 
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите. 
* Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .