емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
ВИЛА ЈУЛИАНОС – ИПСОС

Ипсос се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Ипсос е едно од најидеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор. Опкружен е со продавници за изнајмување автомобили, продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, барови итн. Плажата повеќе пати беше обележана со Сино знаме за чистиот брег и води со тоа што ја прави една од најбезбедните плажи на Крф.
Вила Јулианос e лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 10 минути пешачење до плажа
Релативно новоградба лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 10 минути пешачење од плажата со многу гостопримливи домакини Вила која ја работиме веќе 10-то лето и од која имаме само пофалби.
Располага со студија за 2 лица и апартман за 4 лица дуплекс (со посебни спални).
Сите се опремени со сопствена физички одделена кујна и комплетно опремена (голем шпорет со рерна, тостер, голем фрижидер, чаши, филџани, лажици, вилушки, ножеви) посебна спална и тоалет. Сите имаат исто сопствена тераса. А позади вилата има скара која е на располагање на користење на гостите. Во вилата има телевизор и клима уред(се доплаќа на лице место 5 евра од ден). Куќата има WIFI но Т.А не гарантира за јачината и брзината на интернетот па советуваме да си активирате пакет интернет за во странство. За повеќе информации околу интернетот контактирајте ги вашите мобилни оператори.
| Период | 1/2 цена по лице | Duplex 2/2+2 цена по лице |
|---|---|---|
| 23.05.2025 7 ноќи | 98 | 98 |
| 30.05.2025 7 ноќи | 116 | 116 |
| 06.06.2025 7 ноќи | ПРОДАДЕНО | 134 |
| 13.06.2025 7 ноќи | 157 | 157 |
| 20.06.2025 7 ноќи | 166 | 166 |
| 27.06.2025 7 ноќи | 199 | 199 |
| 04.07.2025 7 ноќи | 239 | 239 |
| 11.07.2025 7 ноќи | 239 | 239 |
| 18.07.2025 7 ноќи | 239 | 239 |
| 25.07.2025 7 ноќи | 239 | 239 |
| 01.08.2025 7 ноќи | 239 | 239 |
| 08.08.2025 7 ноќи | 239 | 239 |
| 15.08.2025 7 ноќи | 239 | 239 |
| 22.08.2025 7 ноќи | 199 | 199 |
| 29.08.2025 7 ноќи | 179 | 179 |
| 05.09.2025 7 ноќи | 149 | 149 |
| 12.09.2025 7 ноќи | 139 | 139 |
| 19.09.2025 7 ноќи | 129 | 129 |
| 26.09.2025 7 ноќи | 99 | 99 |
Што е вклучено:
- Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
- 7 ноќевања 8 дена(цената е дадена по лице)
- Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој
Не е вклучено:
- Повратна карта за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
- Туристичка такса (14 евра од студио/апартман за 7 ноќевања, која се плаќа задолжително во агенција)
- Факултативни излети
- Патничко осигурување
- Клима уред








