Хотел Хидра 2* – Едипсос

Хотел Хидра 2* е лоциран во центарот на Едипсос на околу 200 метри одалечен од термалните извори и плажи. Во непосредна близина на хотелот има маркет, а шеталиштето одалечено на неколку минути пешачење. Хотелот располага со двокреветни и трикреветни соби опремени со сопствен тоалет, балкон, клима, фрижидер, телевизор … На кровот од хотелот има тераса за користење на гостите од хотелот од која се простира прекрасен поглед на градот и морето. Услугата во хотелот е на база ноќевање со појадок. Гостите од хотелот имаат на располагање оремени заеднички куји на секој кат, односно 8 соби кои користат кујна.

Локација/ Кординати: 38.855533, 23.045075

ПОПУСТИ И АКЦИИ

BLACK FRIDAY -30% за резервации со комплетни уплати до 29.11.2024

-20% за резервации со комплетни уплати до 31.12.2024

-10% за резервации со комплетни уплати до 15.03.2025

ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ: АВТОБУС+ТРАЕКТ+СМЕСТУВАЊЕ

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

* Автобуски превоз Скопје – Едипсос – Скопје

* Сместување во Студио 7 ноќи

* Траект повратна карта Глифа – Агиос Камос – Глифа

* Туристички придружник за време на патувањето и преставник од агенцијата за време на престојот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

* Задолжително патничко осигурување.

* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….

* Туристичка Такса 2 евра од ден по соба (се плаќа во објектот)

НАПОМЕНИ:

–  Намалување за со сопствен превоз -20 евра по лице

– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни

– Поради генерално чистење на собите после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);

– Агенцијата го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. 

– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе соби, а не се селектирани од една соба, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување. 

– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори

– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

– Превоз од  Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;

– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување и Правните Напомени на Ваикики Травел. 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;

– Доплата за превоз: 65€ за возрасни / 45 за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);