Вила Флора – Торони

Вила Флора е одлично позиционирана на само 30м од плажа, во близина на првиот влез во Торони. Вилата е поставена на главната улица, која воедно минува и покрај самата плажа, во непосредна близина до сите потребни содржини на ова место. Вилата располага со двокреветни, трокреветни студија и апартмани распоредени на високо приземје, прв и втор кат. Секоја од собите е опремена со соодветен мебел, мини кујна, тоалет, ТВ, клима и тераса. Во склоп на самата вила на приземјето од куќата има ресторан таверна каде што гостите може да се претпатат на полупанскионска услуга и да уживаат во вкусовите на одличниот вкус на традиционалната грчка кујна.. Вилата заради непосредната близина на прекрасната плажа во Торони и мирниот карактер на селото е одличен избор за релаксиран летен одмор. 

  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • Цените се дадени за наем на студио без превоз за 7 ноќи/8 дена. 


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Сместување во Студио 7 ноќи


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз до избраниот објект во Грција.
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
  • Туристичка Такса 0,50 центи по соба од ноќ
  • ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА ПЦР ТЕСТ.  

 
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

Галерија

Локација

Кординати: 39.989060, 23.898658

НАПОМЕНИ:

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни

– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);

– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;

– Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување. 

– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.

– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.

– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

– Превоз од  Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;

– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.