емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Вила Флора 2 – Торони
Вила Флора 2 е одлично позиционирана на само 30м од плажа, во близина на првиот влез во Торони. Вилата е поставена на главната улица, која воедно минува и покрај самата плажа, во непосредна близина до сите потребни содржини на ова место. Вила Флора 2 е втората зграда од комплексот Флора и располага со двокреветни, трокреветни студија распоредени на високо приземје, прв и втор кат. Секоја од собите е опремена со соодветен мебел, мини кујна, тоалет, ТВ, клима и тераса. Во склоп на самата вила на приземјето од куќата има ресторан таверна каде што гостите може да се претпатат на полупанскионска услуга и да уживаат во вкусовите на одличниот вкус на традиционалната грчка кујна.. Вилата заради непосредната близина на прекрасната плажа во Торони и мирниот карактер на селото е одличен избор за релаксиран летен одмор.

- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- Цените се дадени за наем на студио без превоз за 7 ноќи/8 дена.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Сместување во Студио 7 ноќи
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Превоз до избраниот објект во Грција.
- Задолжително патничко осигурување.
- Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
- Турситичка Такса 0,50 центи по соба од ноќ
- ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА ПЦР ТЕСТ.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
- Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
Галерија









Локација
Кординати: 39.989060, 23.898658
НАПОМЕНИ:
- Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
- Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
- Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
- Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
- Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
- Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
- Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
- Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.