Вила Арменос – Јерисос

Villa Armenos elegance apartment 

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулијани.

Вила Арменос се наоѓа во Јерисос на 50 метри од градската плажа, во мирен дел на градот. Вилата располага со четворокреветен мезонет апартман, петокреветен мезонет апартман со дополнително легло и шестокреветен апартман со можност за сместување на максимум  8 лица. Собите се луксузно опремени со нов мебел и во секоја од нив има комплетно опремена кујна, клима (вклучена), wifi,сопственo купатило опремено со сите средства за лична хигиена, пешкири,фен и тераса. Паркинг на 20 мерти од од вилата.

BLACK FRIDAY – 10% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации во период од 29.11 до 04.12.2024 (минимум уплата од 50% и доплата до 31.01.2025)  

ТерминНоќевања1/4 мезонета1/5+1 мезонета1/6 апп
25.057 ноќи350 370 400 
01.067 ноќи390 430 450 
08.067 ноќи450 €490 €490 
15.067 ноќи490 €550 €590 
22.067 ноќи590 650 €690 €
29.067 ноќи680 750 €790 €
06.077 ноќи780 870 890 
13.077 ноќи880 970 1090 €
20.077 ноќи990 1090 1190 €
27.077 ноќи990 1090 1190 €
03.087 ноќи990 1090 1190 €
10.087 ноќи990 €1090 €1190 €
17.087 ноќи990 1090 1190 €
24.087 ноќи870 €950 €1090 
31.087 ноќи690 €780 €890 
07.097 ноќи590 €680 €720 
14.097 ноќи490 €550 €590 
21.097 ноќи400 €460 €490 

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 40€

деца до 12 години 40 € / Еден правец 35 €

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.