Villa “ANNA” – Неа Флогита

Бесплатно сместување за 3то – 4то и 5то  лице


Вила “Anna” се наоѓа на само 30м од плажа  во центарот на Неа Флогита. Располага со апартмани со една спална /2+2/, две легла во кујната и брачен кревет во спалната соба /3+2/, три одделни легла во дневната и брачен кревет во спалната соба. Апартманите се со одличен квалитет на сместување и голем комфорт. Опремени се со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, туш, големи-просторни тераси со поглед напред кон шеталиштето пред плажа, масичка со столчиња, тенда за сонце,  телевизор, гардеробер, клима и   интернет – бесплатни. Апартманите се наоѓаат на I и II кат. Гостите со сопствени возила, може да се паркираат пред вилата, доколку има слободно место за паркинг. Ви посакуваме пријатен престој.

НАПОМЕНА

  • Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице во апартман со една спална /2+2/ и /3+2/-БЕСПЛАТНО;
  • Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • Во апартман со една спална кај термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то – 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • Превозот ги остава/зема патниците на 100м од вилата;
  • Wi-Fi интернет и клима – БЕСПЛАТНО!!
  • Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • Доплата за туристичка такса  1.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
  • Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • Доплата за патничко осигурување. Инфо во агенција.

Локација

GPS Coordinates:  40.25780114980285, 23.21508989601125