емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Вила “MARIA” – Ханиоти

Вила “Maria”се наоѓа на одлична локација во центар на Ханиоти, односно на самиот плоштад и нa oколу 150m oд плажа. Располага со 1/2 – 1/3 студија со редовни легла како и 1/3+1 студио со три редовни легла и едно на извлекување (поставени нови душеци на секое легло во 2021). Сите студиа се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер…), тоалет, крпи за лице и тело, клима (БЕСПЛАТНА), ТВ, како и бесплатенинтернет, гардеробер, сушара, широки балкони со тенди за сонце и масичка со столчиња со поглед на плоштадот, кон многуте барови, ресторани, продавници.. Студиата за две лица се наоѓаат на први и втори кат и имаат поглед назад, останатите студија поглед напред. Ви посакуваме пријатен престој.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
- Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- Доплата за патничко осигурување /Информации во агенција/.
Галерија









НАПОМЕНА
- Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 5-то лице во апартман – БЕСПЛАТНО сместување;
- Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Во студио и апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице во Студио и 3-то, 4-то и 5-то лице во АПТ со една спална се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
- Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
- Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- Автобусот ги остава/зема патниците на 10m од вилата.
- Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
- Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.
Локација
GPS Coordinates: 40.061561, 22.565581