Villa “POSIDONIO” – Полихроно

Апарт Хотел Посидонио се наоѓа на 100 метри од плажа на одлична локација во центар на Полихроно веднаш до црквата. Располага со  1/2 апартмани со 1 спална (две единечни легла, еден до друг) каде што можат да се сместат 2ца возрасни. Апартманите се реновирани 2025 Година, комплетно опремени со тоалет, кујна, тераса со поглед кон улица и море, ТВ, интернет и клима – без доплата. Во склоп на вилата има паркинг за гостите на вилата кој можат да го користат бесплатно, доколку има слободни места. Апартманите  се наоѓаат на I и II кат.

НАПОМЕНА

  • Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз;
  • Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број не може да се смести ниту бебе во кревет со двајца возрасни;
  • Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • Автобусот ги остава/зема патниците на 300м од вилата на главниот пат кај семафорите;
  • Wi-Fi интернет и клима – БЕСПЛАТНО!!
  • Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • Доплата за туристичка такса  2€ од апартман од ноќ (задолжителна уплата при резервација во агенција);
  • Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.

GPS Coordinates: 40.076453, 23.446821