емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Вила „Santala“ -Неос Мармарас
-15% Попуст за целосна уплата заклучно со 25.12.2023
Ново во нашата понуда- Вилата „Santala“ која се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили, на само дваесетина метри оддалеченост од „Sole A Mare“ и од „ Alcano“. Со задоволство можеме да потврдиме дека за сезоната Лето 2023 ја имаме најдобрата понуда во Неос Мармарас која се однесува на изборот на вилите кои се издвојуваат со извонредната локација и со нивниот квалитет. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ вилата „Santala“ е оддалечена околу 300 метри. Во приземјето на вилата се наоѓа слаткарница и пицерија. Располагаме со двокреветен апартман кој има поглед кон улицата и со четирикреветни апартмани кои имаат директен поглед на море. Сите сместувачки капацитети се наоѓаат на втор спрат и се опремени со функционален мебел, кујни, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената (во четирикреветните апартмани има по два телевизора и две клими во секоја спална соба). Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Терасите се заштитени со тенди. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
- Цените во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
- Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
- Доплата за туристичка такса во Грција-1,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари
- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита-Никити -Неос Мармарас
- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
- Цена на повратен билет –50 евра;
- Деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-40 евра