емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Вила ” Maria`s house” – Никити
-15% Попуст за целосна уплата заклучно со 25.12.2023
Никити се наоѓа на северниот дел на полуостровот Ситонија помеѓу Метаморфозис и Неос Мармарас и ги разделува двата полуострови Касандра и Ситонија. Во последните неколку години ова е едно од најбараните туристички места на Халкидики. Има долга песочна плажа и кристално чиста морска вода, а на прекрасно уреденото шеталиште покрај градската плажа се наоѓаат изобилство кафе барови, ресторани и таверни. Во градот има се` што е потребно за пријатен одмор: три големи супермаркети: (Lidl, Masutis и Marinopoulos), мини маркети, месари, пекари, слатарници, лекар, аптека.
Вилата „Maria`s house“ се наоѓа во централниот дел на Никити, на само 20 метри од плажата.Располагаме со трокреветен и петкреветен апартман на прв спрат кои имаат поглед на улица и страничен поглед од тераситекон морето. Сместувачките капацитети се опремени со модерен мебел, мини кујни, телевизории клима уреди чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Терасите се заштитени со тенди. Сместувачките капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
- Цените во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
- Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
- Доплата за туристичка такса во Грција-1,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари
- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита-Никити-Неос Мармарас
- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
- Цена на повратен билет –50 евра;
- Деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-40 евра