емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Вила ”Lena” – Неа Рода

-5 % попуст за целосна уплата до 31. март 2023
Вилата „Lena“е лоцирана во мирниот дел на Неа Рода, веднаш пред апартхотелот „Lazaridis“ на околу 100 метри од плажата. Располага со двокреветни, четирикреветни и петкреветни студија и апартмани на приземје и на прв спрат. Дел од сместувачките капацитети имаат поглед на море, а останатите поглед на улица. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрично решо, фрижидери и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Пред вилата има простор за паркирање на возила.

- Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
- Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари
- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Рода
- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
- Цена на повратен билет –45 евра;
- деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-35 евра
Галерија



















