емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Вила Koulas – Неос Мармарас
Ново во нашата понуда…Вилата „Koulas“ во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија се наоѓа на извонредна локација-на само 100 метри од плажата „Paradisos“ која е лоцирана на почетокот од градот. Од центарот на Неос Мармарас е оддалечена помалку од еден километар. Вилата располага со трокреветни студија кои се наоѓаат на првиот спрат и имаат големи тераси со поглед на улица кои се заштитени со тенди. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни (решо, мал фрижидер со мини комора и основни садови за готвење и јадење), купатила, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во студиото. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Студијата се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Пред вилата има простор каде можете да ги паркирате своите возила.
-7% Попуст за целосна уплата заклучно со 25.02.2024
- Цените во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
- Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
- Доплата за туристичка такса во Грција-1,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари
- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита-Никити -Неос Мармарас
- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
- Цена на повратен билет –50 евра;
- Деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-40 евра