Еден од најдобрите избори кога станува збор за фамилијарен или одмор за двајца. Хотелот идеално е лоциран на златно песочна плажа на источниот брег на Касандра, Халкидики. 24 часовна рецепција, селекција на ресторани кои служат традиционална и интернационална кујна, детско игралиште, внатрешен и надворешен базен и уште многу други услуги. Хотелот е член на ланецот Г-хотели кои се синоним за квалитетна услуга.
Локација – 2 км од Калитеа, 80 км од аеродромот Македонија. Во секое време може да направите прошетка низ Калитеа и да уживате во убавините на ресортот. Наоколу има многу сувенирници, таверни, прекрасна променада и познатите клубови на Халкидики.
Хотелски услуги – Конференциска сала (3 простории со капацитет од 200 места), паркинг, менувачница, црква, мини маркет, детски клуб, анимација за деца, ресторан, таверна на плажа, бар, аеробик, ноќен клуб
*со доплата – сеф, нуркање, спорт на вода, тенис, масажа, чадори и лежалки на плажа, пешкири на плажа (доплата + депозит)
*бесплатни услуги – интернет на јавни површини, паркинг
Соби – Располагаат со централна клима (Јули – Август), сателитска ТВ, сеф (со доплата), фен и балкон.
Singles (~ 20 sq.m), Doubles for single use SSV (~ 25 sq.m), Doubles SSV (~ 25 sq.m), Doubles Bungalow GV (~ 28-30 sq.m), Doubles Bungalows 1-st line (~ 28-30 sq.m), Suites SSV / SV (~ 33 sq.m), Doubles IRA Building (~ 17 sq.m), Suites Ira Building (~ 50 sq.m)
Плажа – Хотелот има долга песочна плажа која се смета за една од најубавите на Касандра. Чадорите и лежалките се доплаќаат. Можете да ги посетите и околните плажи кои се во близина од 1-2 км. Поради прстовидната форма на Касандра околните плажи се со кристална чиста вода и се наградени со околу 30 сини знаменца – најмногу во Европа. 

Ценовник

Галерија

Локација