емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Луковска Бања ПРОМО лето викенд
Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух.
Програма на патување:
Прв ден 30.08.2024 (Петок) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30ч на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00ч. Дневно патување со попатни паузи за одморд и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања и сместување во Јелак. Ручек. Слободно попладне за одмор и релаксација со користење на велнес и СПА содржините на хотелот вклучени во цената. Во 20.00ч Топличка вечера во етно ресторан Луковска Колиба со музика, вечера и неограничени домашни пијалоци во времетраење од 3 часа. Ноќевање.
Втор ден 31.08.2024 (Сабота) ЛУКОВСКА БАЊА
Појадок. Во 10.00 часот заминување на прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања посета на црквата Св.Мина во Штавел со разглед на етнографскиот музеј. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на велнес содржините на хотелот. Вечера. Во 18 часот заминување кон вечерна посета на локалитетот Ѓавола Варош обезбедени влезници и услуга на локален водич. Враќање во хотелот во 23 часот. Ноќевање.
Трет ден 01.09.2024 (Недела) ЛУКОВСКА БАЊА
Појадок. Напуштање на собите до 10.00 часот. Заминување за Маедонија во 11.00 часот. Попатна посета на манастирот Св. Никола во Куршулија. Патувањето продолжува кон Македонија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО цена 199€/12.338ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација
– Сместување во Хотел Јелак 3* на база 2 ноќи (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса)
– Исхрана на база 2 полни пансиони (појадок, ручек и вечера со сервирање изброр од неколку јадења)
– Користење на базени со термо – минерална вода со температура од 33-35⁰C
– Користење на Велнес центар (солена соба, парно купатило, сауни, топли клупи – тепидариум, релакс зона)
– Организирана прошетка низ Луковска Бања со локален водич
– Организирана вечерна посета на Ѓавола Варош со локален водич
– Свечена Топличка вечера во етно ресторан Луковска Колиба со музика и неограничени пијалоци
– Туристичка такса
– Организација и реализација со туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување
– Индивидуални неспоменати трошоци
Попусти и опционални доплати:
– Дете 2-5 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет гратис плаќа само превоз 35€/2.170ден
– Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 100€/6.200ден
– Доплата за еднокреветна соба 30€ /1.860 ден на цената на аранжманот
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
– Намалување за сопствен превоз -10€/620ден по лице
Напомени:
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ.