емаил: travelgatemk@gmail.com | телефон: +389 31 620 353 / +389 78 202 866
Hotel Planinka – Куршумлиска бања

Куршумлиска Бања е сместена на околу 450 м надморска височина, во котлината на реката Бањска. Се наоѓа на 272 км од Белград, 73 км од Ниш, 78 км од Крушевац и 11 км од Куршумлија.
Куршумлиска Бања е позната по широкиот спектар на различни термоминерални води чии температури се движат од 14°C до завидни 67°C. Термоминералната вода која се користи во медицинскиот блок на хотелот “Планинка” и базените припаѓа на категоријата високо минерализирани, слабо-кисел натриум, хидрокарбонатни хипертеми. На гостите, во рамките на лекувањето, им е достапна и лековитата кал, направена во комбинација со термалната бањска вода, чиј изразен терапевтски ефект благотворно делува на ревматски заболувања.
Благодарение на уникатните карактеристики на термоминералните води, балнеолошките сознанија и медицинските истражувања, утврдени се следните индикации за лекување во Куршумлиска Бања:
Воспалителен ревматизам: ревматоиден артритис (фаза на ремисија), Бехтерева болест (почетен стадиум)
Дегенеративен ревматизам: спондилоза (осификација) на вратниот и лумбалниот дел од ‘рбетот, дискарртроза, дискус хернија со или без радикулопатија (пр. лумбоишијалгија, цервикобрахијалгија), гонартроза, коксартроза, остеоартроза на мали зглобови на рацете и нозете
Екстраартикуларен (вонзглобен) ревматизам: фиброзитис, тендинитис, бурзитис, епикондилитис („тениски“ и „голферски“ лакт)
Метаболички болести на зглобовите и коските: остеопороза, гихт
Сите видови спортски повреди
Состојби по скршеници на коски и хируршки интервенции на коскено-зглобниот систем (состојби по вградување на вештачки колкови и колена).
PLANINKA HOTEL
| 2025 | Јануари | Април | Октомври |
| Март | Септември | Ноември | |
| Wellness HB | 65 € | 73 € | 69 € |
| Medical wellness | 73 € | 82 € | 78 € |
- Сместување во двокреветна соба на услуга полупансион (појадок и вечера)
- користење на отворен и за творрен базен, релакс базен со минерална вода
- користење на велнес центар (парна бања, сауна, тепидариум, солена соба, релакс соба, ладна пештера)
- користење на детска игротека, теретана и просторија за забава (билијард, пинг понг, пикадо
Доплати:
- Еднокреветна соба: 9 € на ден
- Комфорт соба: 5 € по лице на ден
- Апартман 9 € по лице на ден
- Дете до 7 год.бесплатно
- Деца од 7-12 год. -50% попуст










