Хотел Стримон Гарден 5* Медикал СПА –Ќустендил

Високиот квалитет на услугите,пријатниот и љубезен персонал и исклучителниот СПА центар го  прави овој хотел пријатно место за вашиот одмор.Овозможете си заслужено задоволство во Стримон Спа хотел каде традицијата,луксузот и перфектната услуга се сливаат во едно!

1. Ден (11.10.2024)  Петок   Велес- Ќустендил

Состанок на групата во раните утрински часови. Поаѓање од Велес,Скопје,Куманово,Неготино,Кавадарци и Штип кон Ќустендил-Бугарија. Возење со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во попладневните часови и сместување во хотел Стримон Гарден 5*-Медикал СПА во Ќустендил. Ќустендил е на второ место во Бугарија по чистота на воздухот а на 15. место според лековитоста на водата.  Слободно попладне за одмор, релаксација и користење  на СПА содржините на хотелот.Вечера.Ноќевање.

2. Ден (12.10.2024)  Сабота Ќустендил-Рилски манастир

Појадок.  Moжност за  факултативна посета на Рилски Манастир . Рилски манастир е најголемиот и најстар православен манастир на Балканот. Тој се наоѓа во југозападниот дел на планината Рила во Бугарија,на 117 километри јужно од главниот град Софија во длабока долина на реката Рила, на надморска височина од 1.147 метри. Овој манастир има примено бројни признанија за неговиот развој и културна и уметничка вредност. Од 1961 година Рилски манастир е претворен во Национален музеј, а УНЕСКО го прогласува целиот комплекс за споменик на културата со светско значење.

Слободно време за разглед.Собир на групата и враќање во хотел.  

Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената.Вечера .Ноќевање.

3. Ден (13.10.2024) Недела     Ќустендил-Велес

 Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Во договорено време со водичот на групата заминување кон Македонија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Деве Баир со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови. 

Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.

Цена по лице за најмалку 2 лица во соба.

-Доплата за еднокреветна соба 50 € / 3100 денари

-Доплата за трето возрасно лице 145 € / 8990 денари

-Доплата за дете од 5.99 до 13.99 € / 5890 денари 

Во цената е вклучено:

– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

– Сместување во двокреветни  соби во хотел Стримон Гарден СПА Медикал 5*

– Исхрана на база полупансион (појадок и вечера на шведска маса)

– Користења на СПА и Велнес центар (затворен базен со минерална вода 31⁰C,детски базен со топла минерална вода,римски базен со минерална топла вода 37⁰C ,солена соба,контрастен базен,парна бања,финска сауна,инфраред сауна,релакс зона со топли лежалк,фитнес сала )

– Туристичка такса

– Организација, реализација и придружник на патувањето.

Во цената не е вклучено:

– Факултативна посета на Рилски Манастир 10 € / 620 денари

– Влезници по музеите и културно историските споменици

– Задолжително патничко и здравствено осигурување

Напомени:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

– За овој аранжман важат Општите Услови за патување на СКТМ

– Цените се изразени во евра за уплата исклучиво во денари по курс 1€=62мкд.